Секој што сака да вози автомобил во Москва, ќе мора да побара дозвола, изјави синоќа градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собијан.
Тој додаде дека за пешаците се уште не е неопходна пропусница.
„Потпишав декрет со кој се бара секој автомобил во Москва и московскиот регион да има дозвола. Дозволата исто така може да се добие преку интернет од понеделник. Оваа одлука влегува во сила в среда”, нагласи градоначалникот.
Почнувајќи од 15 април, во Москва ќе може да се патува со какви било превозни средства, вклучувајќи такси, приватни автомобили, па дури и велосипеди и скутери, само со дигитална пропусница или службена легитимација добиена од специјални служби, како што се медицински професионалци , полиција, војска, пожарникари, новинари.
Според одлуката на градските власти, не е дозволено да се напушта домот без посебна потреба.