Во жариштето на коронавирусот во Дебар заразата се прошири и кај лекарите.

– Бидејќи персоналот испадна позитивен од утре амбулантата е под карантин две недели, објави на својот профил на Фејсбук д-р Арбен Аголи.

Тој пред три дена објави фотографија со колешки и со порака: „Ние сме на работа, вие седите дома“. Пораката со фотографијата брзо се проширија на социјалните мрежи.