Кошаркарите на Бадел 1862 со убедлив триумф 58:46 синоќа во Скопје против Партизан го потврдија историскиот успех во Јадранската лига и пласманот меѓу осумте најдобри екипи во регионалното натпреварување.
Македонскиот состав го најави посакуваниот триумф веќе во првото полувреме во кое по израмнетата прва четвртина, во втората дојде до предност од десет поени (34:24).
Избраничките на тренерот Перо Стамески во продолжението заиграа уште подобро и во третиот дел од играта му дозволија на противникот да постигне само шест поени Постигнаа двојно повеќе, 13, и стигнаа до недостижна предност (47:30).
Кметовска оствари дабл-дабл ефект од 20 поени и 10 скокови, а двоен ефект имаше и Нена Трајчевска преку 16 поени и 13 скокови, додавајќи и четири асистенции.
Во Суперлигата, која стартува по новата година, кошаркарките на Бадел 1862 ќе играат уште осум натпревари против екипите на Будуќност Бемакс, Орлови, Војводина 021 и Триглав, кои беа најдобри во групата „А“ во која настапуваше вториот македонски претставник – Баскет Кам 2011.