Австралиската машка кошаркарска репрезентација го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио, совладувајќи ја попладнево Словенија во натпреварот за третото место со 107-93 (20-19, 33-26, 25-22, 29-26).
За австралиските кошаркари ова е прв олимписки медал по четири последователни четврти места (Сеул 1988, Атланта 1996, Сиднеј 2000, Рио де Женеиро 2016), додека Словенија во својот дебитантски олимписки настап остана без медал.
Претходно денеска, САД ја совлада Франција во финалето со 87-82 и го освои четвртиот последователен златен медал.