Бразилската машка фудбалска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак совладувајќи ја попладнево во финалето во Јокохама селекцијата на Шпанија со 2:1 по продолженија, откако натпреварот за златниот медал во регуларниот дел заврши 1:1.

Стрелци за Бразил беа Куње (45+2) и Малком (108), додека голот за Шпанија го постигна Ојарзабал (61).

За Бразил ова е второ олимписко злато во фудбал во третото последователно финале, додека Шпанија остана на еден златен медал, кој го освои на домашен терен во Барселона во 1992 година.