Со натпреварот Шпанија – Словенија 87:95 попладнево заврши групната фаза од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио.

Двете првопласирани од трите групи, како и двете најдобри третопласирани обезбедија место во четвртфиналето.

Носители во ждрепката за четвртфиналето ќе бидат Франција, САД, Австралија и Словенија

Во „шеширот“ со неносители се: Италија, Аргентина, Германија и Шпанија.

Во четвртфиналето не можат да се сретнат две екипи кои играа заедно во групната фаза.