Европските репрезентации денеска ги играат квалификациските натпревари за Европското кошаркарско првенство во женска конкуренција, а најинтересниот резултат доаѓа од Албанија каде Албанките загубија од Србинките со 105 поени разлика (34:139).
Вака течеше натпреварот во четвртини: 15:36, 8:38, 4:32, 7:33. Најефикасна кај Србинките беше Николина Милиќ со 24 постигнати поени, а Јована Ногиќ постигна 20 поени.
Србинките се на првото место во Групата Е со две победи од исто толку натпревари.
Вечерва во квалификациите и македонските кошаркарки ги очекува пресметката со Летонија на домашен терен. Во првиот натпревар од квалификациите Македонија загуби убедливо на гостувањето во Германија.