Рачна бомба синоќа по полноќ е фрлена во близина на куќата на бизнисменот Раде Добриќ во Зубин Поток во северно Косово, при што е причинета материјална штета и нема повредени лица, јави МИА од Приштина.

Настанот во изјава за косовските медиуми го потврди заменик-директорот на полицијата за северниот регион Бесим Хоти, кој информира дека од експлозијата на бомбата се оштетени неколку возила кои биле паркирани во близина и се искршени стаклата на неколку локали.

Хоти изјави дека сторителот или сторителите, како и мотивите за овој инцидент, за сега не се познати, како и дека полицијата работи на расветлување на случајот.