Косовски обвинители соопштија дека против шест лица се поднесени обвиненија за планирање терористички напади и регрутирање за екстремистички групи.
Како што јави Танјуг, во соопштението не е прецизирано за какви терористички напади станува збор.
Приштинскиот весник „Газета експрес“ наведува дека тие се обвинети за подготовка на напади на Косово и во европски земји, а нивна цел бил и КФОР.
Шестмината обвинети биле уапсени во јуни годинава.