Denesen.mk
17.02.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

НОВИ АВИОЛИНИИ ОД СКОПЈЕ: Авионите на Визер три пати неделно ќе летаат до Палермо на Сицилија и два пати до Алегро на Сардинија

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА: Од 1 март промени во електронските плаќања со засилена автентикација на корисниците

ЃОРЧЕВ: Два принципа на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, преку Нивици со максимални отстапки и сега со манифестирање сувереност

ЕУРОСТАТ: Македонија по Црна Гора со најмладо население во регионот со средна возраст од 42,21 г. во ЕУ најмладо во Ирска, најстаро во Италија

СОВЕТ НА ЈО: Денеска предлог за наследник на Коцевски, кандидати се Панчeвски, Тополова-Исајловска, Ристовска, Савевски и Раичевиќ

Свет

Косово: САД одложија осум програми поради таксата кон Србија

/ 22.02.2019
Share
Косово: САД одложија осум програми поради таксата кон Србија

Соединетите Американски Држави презедоа нова „казнена“ мерка кон Косово поради одбивањето на барањето на Вашингтон за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Весникот „Зери“ од свои извори дознава дека САД ѝ ги повлекле на косовската Влада поканите за учество во осум програми на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ во Германија.

Веста за одлагањето на овие програми за весникот ја потврдила и Амбасадата на САД во Приштина.

– Амбасадата на САД може да потврди дека поканите за учество на Косово во осум програми, кои почнуваат во март и траат до септември, се одложени. Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ третира предизвици од транснационалната и регионалната безбедност. Тие предизвици се опфатени со овие семинари/програми, се наведува во одгворот на американското дипломатско претставништво.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај упорно го одбива американското барање за укинување на таксата кон Србија и БиХ, што беше причина Амбасадата во Приштина да не му издаде виза за молитвениот појадок, кој на почетокот на месецов се одржа во Вашингтон, во организација на претседателот Доналд Трамп.

Освен тоа, поради истата причина, пред неколку недели беше одложена и посетата на Косово на висок претставник на војската на САД.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: косово
Од истата категорија

СИ-ЕН-ЕН: Распоредувањето американски сили на Блискиот Исток не е само за заплашување на Иран

Зеленски смета дека Русија подготвува нови напади, Песков овојпат планира разговори за клучните теми, но и за други работи

ИРАН: Не преговараме за ограничувањето на својот ракетен арсенал или прекинувањето на поддршката за вооружени групи

Шпанија ќе обезбеди хуманитарна помош за Куба преку системот на ОН во форма на храна и основни производи

Трамп го предупреди Иран, ја посоветува Украина и треба да ја посети Кина во април

МАКРОН ВО ПОСЕТА НА ИНДИЈА: Ќе присуствува на отворање на фабрика за склопување на цивилни хеликоптери

Најнови вести

НОВИ АВИОЛИНИИ ОД СКОПЈЕ: Авионите на Визер три пати неделно ќе летаат до Палермо на Сицилија и два пати до Алегро на Сардинија


МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА: Од 1 март промени во електронските плаќања со засилена автентикација на корисниците


ЃОРЧЕВ: Два принципа на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, преку Нивици со максимални отстапки и сега со манифестирање сувереност


СИ-ЕН-ЕН: Распоредувањето американски сили на Блискиот Исток не е само за заплашување на Иран


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ