Повеќе од 100 граѓани од српска националност од северот на Косово претпладнево тргнаа пеш во правец на преминот Јариње на границата со Србија, но набргу потоа повеќето од нив се вратија назад, јави дописникот на МИА од Приштина.
Извори на агенцијата КосоваПрес јавија дека околу 15 граѓани ја поминале пеш границата и се упатиле кон Белград, со цел да учествуваат на собирот што на 19 април ќе се одржи во главниот град на Србија за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Целиот настан поминал мирно и бил обезбедуван од полицијата, која информира дека не е забележан ниеден инцидент