Привремено е забранет увозот во Косово на живи овци и кози од Македонија поради потврда за присуство на болеста „син јазик“ кај добитокот во Македонија. Тоа денеска го соопшти косовската Агенција за храна и ветеринарство (AHV).

Агенцијата упати повик до сточарите да ги држат своите стада под надзор, да не ги пуштаат во граничните зони со Северна Македонија и да се избегнуваат контакти со животни од таа земја.

Син јазик е вирусна болест и најчувствителни на тој вирус се овците, по што следуваат козите и говедата. AHV нагласува дека таа болест не се пренесува од животни на луѓе, ниту директно од животно на животно.

Фото. МИА архива