Косовската полиција објави денеска дека уапсила државјанин на Република Македонија поради сомневање дека влегол на косовска територија преминувајќи ја нелегално меѓудржавната граница, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на полицијата, осомничниот маж, кој е од албанска националност, е уапсен во селото Дебалде во општина Витина, во југоисточно Косово.
Со одлука на надлежен обвинител, на осомничениот му е конфискуван пасошот и истиот е ослободен во редовна постапка.