Очекуваме конечно разврска на предметите (од СЈО) затоа што граѓаните навистина се гладни за правда, вели пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Суштината на СЈО беше да се процесуираат сите предмети кои всушност беа отворени од нивна страна. Со сите овие политички случувања во оваа ситуација, се успеа некако во таа намера да се спасат предметите. Да прецизирам, ВМРО-ДПМНЕ не успеа во нивната намера да ги амнестира криминалците во нивните редови, со цел да пропаднат предметите на СЈО. Има извесност на предметите, тоа е во суштина правната држава и очекувам дека одговорност ќе има за секој кој се огрешил пред законите, изјави Костадинов, за Цивил медиа.
Тој нагласува дека граѓаните се гладни за правда, но само за предметите од СЈО, а за Рекет и другите нови предмети Костадинов не прецизира дали и колкави се гладот и жедта за правда кај граѓаните.