Портпаролот на СДСМ, Kостадин Костадинов, за емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 го повтори претходниот став на партијата дека изборите на 21 јуни се најдобар датум за нивно одржување.
– Согласно законите изборите ќе бидат одржани на 21 јуни. Не можам да верувам зошто Мицкоски барајќи избори уште од 2 јуни 2018 година, а до ден денеска доби се што побара и сега едноставно бега од избори. Поради можниот втор бран наесен, многу одговорно е изборите да се одржат во првиот можен рок, кога нивното одржување е најлесно за менаџирање, рече Костадинов.