Во денешниот билтен од Министерството за внатрешни работи (МВР) наведено е дека синоќа околу 21.20 часот тетовската полиција дала знак за запирање на возило на улицата „Илинденска“ во Тетово, но тоа не застанало и продолжило со движење кон Гостивар.

Како што е наведено во билтенот, возилото било запрено дури на наплатната рампа Желино, а полициската патрола констатирала дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија пат“.