Како да не бидам горд градоначалник кога нашата Струмица ја бива за се и е посакувана општина за одржување на најдобрите и најмасовните настани од сите области, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Денеска бевме домаќини на вториот АГРО САЕМ Струмица 2022 кој го наполни градскиот плоштад со земјоделска механизација, разновидни земјоделски производи, средства за заштита, мед и други пчелни производи на стотина излагачи од државата и странство. На најдобриот земјоделски регион во државата му прилегаат само вакви добро организирани саемски манифестации, затоа што имаме што да покажеме. Во време на криза, поддршката на производството на храна е неопходна и нашите вредни земјоделци секогаш ќе ја имаат од мене и од општина Струмица, објави и реобјави Костадинов на своите профили на Фејсбук.
Костадинов, кој беше и пратеник од СДСМ и портпарол на владејаката партија, и сега и како портпарол обожаваше работите да ги гледа „во розова боја“.