Со 383 милиони евра може да се се изгради нова хидроцентрала, а толку за 6 месеци потрошиле Владата, Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) и директори на енергетски капацитети, изјави пратеникот на опозициската Алијанса за Албанците, Илми Азири.

– Според официјалните податоци од надлежните институции во земјава, во С. Македонија во периодот јануари – јули 2022 година се потрошени 4.361.260 мегаватчасови струја, од кои 3.084.535 мегаватчасови се произведени од домашните енергетски постројки, а 1.276.725 мегаватчасови се обезбедени со увоз, рече пратеникот Азири.

Во овој период од Владата, како што рече Азири на прес-конференцијата, а пренесува порталот Тетова сот, РКЕ и директорите на енергетските комапнии дека за струја се потрошени 383 милиони евра за 7 месеци, со кои пари ќе можело да се изгради една хидроелектрична централа.

– Ако се осврнеме на цените на европските берзи за електрична енергија, се гледа дека просечната годишна цена се движи од 300 евра за мегават час, од што заклучуваме дека само за периодот јануари – јули државата од својот буџет издвоила 383 милиони евра, со цел да се обезбеди струја за потрошувачката во земјава. Овие 383 милиони евра се доволни за изградба на хидроцентрала до предфизибилити фаза. Имаме Влада, РКЕ и директори на енергетски капацитети, кои се тотално неспособни и лоши менаџери, рече пратеникот Азири.