Мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ќе даде отказ на работното место во Централен регистар во Струмица, по реакциите на јавноста за непотизмот во вработувањето и најавите од премиерот Зоран Заев дека роднините на функционерите ќе дадат откази поради спорните вработувања во државните институции.
– Иако мојата мајка е вработена на транспарентен начин, каде се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со нејзе и таа ќе се повлече од работното место, најави Костадинов, одговорајќи на новинарски прашања по денешната изјава за медиумите пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Тој додаде дека очекува овој принцип да го следат и останати функционери.
По премиерот Заев, денеска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, најави повлекување на на лица блиски до функционерите на власта, по реакциите во јавноста за случаи на непотизам со вработувања во државни институциит.