Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов, обожува да држи прес-конференции и ако тоа не му е допуштено реално, го прави виртуелно преку Фејсбук, како што е случај и денеска:
– Со огромно жалење, денеска ми се јавија неколку млади од УМС Струмица и двајца советници за да ми објаснат дека од партијата не им дозволиле да засадат заедно со нас дрвца и цвеќиња. Од (ВМРО)-ДПМНЕ им кажале дека тие ќе им земат и на местото кое јас, заедно со општината го оплеменивме отишле и засадиле. Нема да ги злоупотребам со име и презиме членовите од УМС Струмица, секако и двајцата членови на советот, но го побарав претседателот на умс Струмица за да му кажам дека треба утре во 13 часот, заедно да одиме на местото. Не одговори што е спротивно на добрата политичка волја за ако не друго барем взаемно почитување да има од младите, објави Костадинов на Фејсбук.
И јавноста „мора“ да верува во неговата „вистина за случајот“ во која натаму образложува:
– Неколку работи сакав да разговараме за да му помогнам. Првата е да не наседнува на притисокот на (Христијан) Мицкоски и на одреден криминални структури во партијата за подведување на малолетници за политички активизам.
За жал немаше добра волја да пуштиме порака заедно дека, делиме иста општина дека сите сме пред се луѓе, па после политичари. Благодарност на разочараните членови од (ВМРО)- ДПМНЕ кои реагираа на време, со цел да се обидеме барем за една работа да сме заедно. Со (ВМРО)-ДПМНЕ верувајте ми едноставно не може, крикнува Костадинов на Фејсбук.
Но, „вистината на Костадинов“ сигурно има и друга страна, а ќе ја кажат „неименуваните“ од УМС на ВМРО-ДПМНЕ врз кои портпаролот на СДСМ фрла сенка со изговор „за да ги заштити“.