Ние градиме патишта, тие прават спотови и злоупотребуваат полицајци и полициски возила за партиски цели, објави денеска портпаролот на СДСМ и експратеник, Костадин Костадинов.
– Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат и ќе го казнат деструктивното однесување на (ВМРО) – ДПМНЕ и ( Христијан) Мицкоски!- објави Костадинов.
Како што е познато, пред доаѓањето на власт, неговата партија вети дека ќе изградат 500 километри автопати низ Македонија.
Но, досега е завршен само еден грандиозен чочек на автопатот на делницата од Демир Капија до Гевгелија, што им го изгради „режимот“ на поранешниот премиер Никола Груевски.
(Д.Г.)