Посплотени и појаки никогаш не сме биле во СДСМ во нашата Струмица, изјави струмичкиот градоначалник и функционер на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Патот што го одбравме и во кој се вложивме – интеграција во ЕУ, не не поколеба ни во ова бурно, полно со премрежја и кризно време, и ќе го завршиме со членство во најголемото европско семејство. Ние струмичките социјалдемократи секогаш сме знаеле да го избереме вистинскиот пат и цврсто да чекориме по него. Попладнево нашата непоколебливост му ја потврдивме и на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средбата во Домот на АРМ. Од срце за мојот СДСМ, објави Костадинов на двата свои профили на Фејсбук.
Инаку, лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, постојано говори дека избори ќе има по две години, а на терен прават промоции како да ќе бидат по два месеца.
Ковачевски почна на утро од Владата да заминува низ Македонија како шпремиер, а навечер се враќа во Скопје како партиски лидер со прокнижени повеќе партиски настапи во регионите каде што оди.