Политичарите не лажат со декади, злоупотребувајќи го Александар Македонски и македонската историјата, исклучиво за своја политичка кариера, објавуваат Млади за Македонија.

Коментарот се однесува на екс премиерот Љубчо Георгиевски.

– Политичарот на видеово, крстејќи се во Александар Македонски стана Потпретседател на Претседателот на Република Македонија. Истиот ветувајќи враќање на знамето од Кутлеш стана премиер на Република Македонија, а никогаш не исполни ништо од своите ветувања!- се наведува меѓу другото во објавата на Фејсбук на Млади за Македонија.

Прашањето е кога Георгиевски ја говореше вистината за македонската историја: Кога со жар говореше за големиот македонски војсководец Александар Македонски или, пак, денес кога како „олеснувач во македонско-бугарските односи“ говори за поинаква историја на Македонија?

Видеото со говор на Георгиевски од времето кога „Кутлеш му беше поблизок од Софија“, може да го отворите ТУКА.

(Подготви: Д.Г.)