163 обвинители на 5 гласачки места утре ќе пресудат кој од 4-цата кандидати ќе ја менаџира борбата со организираниот криминал и корупција.

Гласачките ливчиња и списоците се доставени а гласањето утре ќе трае од 8 до 16 часот по што записниците патуваат до советот на јавни обвинители каде ќе се сумираат резултатите јавно со медиумско присуство, објаснува претседателот на ова тело Антонио Јолевски во пресрет на првите непосредни избори за шеф на ова обвинителсто.

До сега никој не се пожалил на притисоци, влијанија или други неправилности.

Во законот не е предвиден цензус колку гласови треба да освои еден кандидат за да избран. Сепак Јолевски очекува дека ќе има одзив мегу колегите и покрај тоа што дел од нив ќе треба да патуваат за да гласаат, бидејки се гласа во 4-те виши обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип и во републичкото.

Пензионираниот обвинител и поранешен претседател на советот на јавните обвинители Костадин Кизов смета дека најдобро е кога самите обвинители ќе го изберат шефот на обвинителството и се согласува дека овој модел треба да се преслика и за избор на републичкиот обвинител кој и со новиот закон остана да се бира во Собранието.

Во оваа прва ваква трка влегоа досегашната шефица Вилма Рускоска, скопскиот обвинител Ермонд Незири, гостиварската виша обвинителка Деса Пауновска и нејзиниот шеф Ислам Абази.

Освен Абази останатите тројца за Телма во петокот ги објаснија своите приоритети.

Продолжување на неселективна борба со организираниот криминал, подобрување на условите на обвинителите за да можат поефикасно да истражуваат и обвинуваат и зајакнување на истражниот центар и финансиските истражувања, се дел од ветувањата на Русковска, Пауновска и Незири.

Кој и да биде избран ќе се соочи со недоекипирано обвинителство.

Последниот избор на 4-ца обвинители пропадна. Од Советот на јавни обвинители допрва ќе распишуваат нов оглас.