Коста КОСТАДИНОВ

Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме со ладни глави.

Го разбирам притисокот кај здравствените работници.

Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за струмичката болница.

Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија.

Само со искрен разговор, со силни заложби можеме да ги решаваме сите проблеми, наталожени поради непреземање ништо во минатото но и оние кои произлегуваат од секојдневието.

Како политичар секогаш сум давал се од себе за мојата Струмица, тоа и ќе продолжи со сигурност!

Ситуацијата во овие моменти е сериозна и повикувам на одговорност.

Почитувајте ги протоколите, носете маска, не се групирајте.

Бидете одговорни кон самите себе, кон најблиските!

Ова е објавата на портпарoлот на СДСМ, Костадинов на ФБ. Таа доаѓа откако денеска директорот нa струмичката болница преку социјалните мрежи побара донации за да може да се купи болничко возило. По кратко време, тој го избриша постот со образложение дека имало могу негативни коментари. Вечерва, еве Костадинов се пофали дека обезбедиле возило, кое ќе стигнело ни помалку, ни повеќе – во декември.

Зошто досега болницата немала возило, зошто директорот бил принуден да бара пари преку социјалните мрежи и зошто за возилото да стгне требаат два месеци, Костадинов не напиша.