Струмица ќе биде меѓународно препознаена и афирмирана. Во мојата тридневна официјална посета во преубавата Венеција, ја искористив приликата на нивна покана да ја посетам канцеларијата на Советот на Европа, објави струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов.

– Разговаравме за актуелните случувања, за културното наследство и богатство кое го имаме и го негуваме, за односите на општината со италијански општини. Следуваат уште многу официјални средби за кои ќе бидете запознаени, објави Костадинов на официјалниот профил на Фејсбук.

Костадинов на јавноста и е најмногу познат како „борец против трошењето народни пари“ и по неговите „историски“ прес-конференции против „режимот на Груевски и спомениците“, како и за „процутот на Македонија по доаѓањето на СДСМ на власт“.

Тој беше и пратеник од редовите на СДСМ во Собранието на Република Македонија.

(Д.Г.)