„Бидејќи пратеничката Олга Лозановска се наврати на 2006та, јас ќе се навратам на 2016та кога гарантираната минимална помош изнесуваше 7.000 денари, а во 2023та 16.400 денари“, рече Бисера Костадиновска – Стојчевска на дебата „Само вистина“ на Канал 5.

Таа потсети дека финансиска помош на ранливи категории на граѓани за учениците во средно изнесуваше 1.800 денари, во основно училиште 1.200 денари, додека минимална пензија во 2016та 8.500 денари, денес 13.900 денари.

„Просечна пензија во 2016та изнесуваше 13.800, денес 21.400 денари, минималната плата во 2017 10.000 денари, денес 22.500 денари. Просечна плата во 2016 22.000, денес 39.000, а опфатот на градинките во 2016 бил 25, денес е 48 и најважно за секторот култура кој што јас го раководам, кој што не знам што има кажавте на средбата пред некој ден, е зголемен за 52%. Нивните плати се зголемени за 52% затоа што во 2019 година оваа влада имаше слух да потпише колективен договор“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.