Погодувате, станува збор за “шарената“ обвинителка Вилма Русковска. За обвинителката која работејќи ја својата јавнообвинителска функција, повеќе мислеше како да стане јавен обвинител на РМ, а ги занемаруваше предметите во работа, притворените во притвор и пишуваше несоодветни, нестручни, политизирани и крајно тенденциозни обвиненија. Со еден збор неписмени обвиненија. Прво такво и беше за Тајванските кредити, кое падна како крушка(гнила). Тоа беше одамна, а еве сега-за-сега, сведочиме за бруките на другачка и Кацарска, со предметот Тенк, кога ја малтретираше бремената, а потоа и родилката и мајка, Гордана Јанкуловска. И тоа за ништо, буквално за ништо, бидејќи во нејзините службени дејствија немаше дејствије на извршување кое може да се подведе под битието на делото што и се ставаше на товар. А кога ќе се додаде дека во предметот немаше штета, оштетен и оштетно побарување, бруката е повеќе од целосна(за ова детално елаборирав во емисијата Што не е јасно? на ТВ Алфа, пред повеќе години, и тоа требаше да биде серијал за политичкиот прогон на тогашната власт(СДСМ и ДУИ), кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзини функционери, ама тогашниот директор на телевизијата(“шнајдерчето од центар“) го прекина серијалот, како што без срам и перде врати новинарка(од Белград) од пат, испратена да направи интервју со политичар во странство.
Е, денес работите се малку поубедителни и помоќни: голем, многу поголем авторитет од мене – Судот за човекови права, проценува, во прва фаза, а главното допрва ќе ни биде испорачано(како уште поголем срам и невидена брука), дека судијката Кацарска, прекршила повеќе правни норми и принципи на меѓународни документи, и повредиле човекови права во судска постапка, нанесувајќи огромна штета на поединци, а голем, најголем срам за македонското правосудство и Македонија.
Тука веднаш потсетувам за иста таква ситуација, за предметот “27 април“, во кој обвинителско-судскиот двоец без кормилар и компас, Русковска-Кацарска, направија невидена правна рошомонијада, во која понижија обвинети, одземајќи им ги правата што според устав и закон ги имаат, дисциплинираа адвокати, преку манипулации и казни, игнорираа материјални докази и стручни вештачења, на едни сведоци им се закануваа, а на други им ги кривотвореа изјавите, и што ли уште не. И за ова, на долго и широко, анализиравме и предупредувавме, особено на ТВ Нова, ама надлежните и одговорните останаа “глуви“, “слепи“ и “без рацио“ – посебен вид на homo videns луѓе. За тоа дека сме биле во право, досега потврди дојдоа од Грција, Шведска и Унгарија(од надлежните судови), каде и да е ќе стигне абер и од судот во Стразбур.
Од овие неколку примери, јасно се гледа која е и каква обвинителка беше Русковска: за обвинети преферираше видни личности на највисоки позиции, ама во краен исход на предметите, безмалку во сите се избрука. За судските одлуки, со манир на невешта актекрка знаеше да рече дека не ги коментира, ама по телефон или смс, знаеше да се закани дека “судиите низ гаќи ќе ги истресе“ и тоа тие од апелациониот суд. Елементарно непочитување на колеги, невидена ароганција(со елементи на закана) и високо ниво на отсуство на правна култура и највисоко ниво на простаклук. Еееј, невиден простаклук за обвинител на така висока позиција.
И една работа што досега никој ја нема коментирано. Кога се правдаше за лошо сработената работа, знаеше да каже дека ЈО е дел од општеството, и ако тоа функционира добро и ЈО добро ќе функционира. Незнаење, лага, срам и брука. Па ЈО постои за да функционира и дејствува кога работите во општеството не функционираат според Уставот и законите, кога има криминал, корупција, перење на пари, а тие незаконски појави и нивните сторители треба да ги гони токму ЈО, и притоа ако е успешно во тоа, може да се рече дека состојбите и работите во општеството се подобруваат. А тоа не беше се: прашана за тоа дали е задоволна од “шарената револуција“, одговара дека не добиле “драстично намалување на корупцијата и заплена на неосновано стекнат имот“.
Господа, кој знае што работи еден јавен обвинител од нејзино ниво, многу добро знае дека тоа е самопризнание дека ништо не сработила, бидејќи прогонот на сторители на кривични дела што требаше да уследи, таа со своето незнаење, не снаоѓање и погрешно постапување, го кочеше токму тоа. Таа(заедно со Јовевски) не запленуваше имот стекнат на противправен начин, и ниту еднаш не се обидоа да ги откријат и спречат каналите на перење пари, кои во Македонија ги имаше во изобилие. Е госпоѓо обвинител, кој ли ти даде доплома за право, кој ли те избра за обвинител, за да до максимум ја засрамиш јавнообвинителската функција.
Сепак, нешто што никогаш не треба и нема да и го простам е обвинување на обвинети(за 27 април) за кривично дело што воопшто не го сториле, и глупавото самопризнание дека З.Заев како премиер и вршел притисок да направи преквалификација, а пазете сега, таа одважно, полна со самата себе, го одбила. Е госпоѓо за ова кад-тад ќе одговараш. Да, да, ќе одговараш! Заедно со Кацарска и оние темните луѓе(viri opskuri) од одметнатото крило на службата за безбедност, запустивте 33 човечки судбини, ги уништивте како живи суштества, ги пониживте, дел од нив употребивте за срамно и под притисок и закани промена на Уставот на РМ и промена на името наше вековно и од искон – Македонија. Некои и починаа во вашите проклети зандани.
Каде ви беше рациото кога од нереди, учество во толпа, тепачка и нанесување на телесни повреди, исконструиравте монструозно обвинение за “Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“? Имате ли денес грижа на совест? Спиете ли мирно и спокојно? Има и уште нешто, за кое од оправдани причини не можам конкретно да пишувам и се да обелоденам: по ваш налог три пати е менуван исказ на сведок, и тоа еднаш во присуство на припадници на странска безбедносна служба(изјава на адвокат). Значи сте издејствувале лажен исказ врз чија основа подоцна вашата пријателка драконски ги осуди обвинетите, ни криви ни должни за тоа дело(Ова е без имиња и поединости, бидејќи очекувам реагирање на јавното обвинителство). Инаку, за ова прв пат пишував 17 септември 2019г.
Да, и да не го заборавиме најниското, најдолното бессрамно однесување: се дружеше и журкаше со Боки 13 и беше најчест гостин на неговата 1ТВ, која знаеме неславно заврши со Рекет 1,2,3…, претставена како телевизија на невидено истражувачко новинарство, демек Македонски инсајдер. А сите знаеме дека беше не само неуспешна копија на оригиналот од Србија, туку и брука и срам како рекетарска телевизија. На дело покажа дека како обвинител не знаеше како да го организира обвинителството, за да биде ефикасно во својата работа. Тука некаде ја сместуваме и нејзината сеанса со Сашо Мијалков, т.е. нејзината “специјална врска“, кога на неа, само на неа и се јави дека како прогонет ќе се врати во Македонија.
Нејзиното незнаење, отсуството на стручност и немање сенс на јавен обвинител, најмногу дојдоа до израз во необезбедувањето на релевантни докази, поткрепени со веродостојни факти и несоборливи аргументи, за цврсто поткрепување на обвинителните акти што ги поднесуваше пред судот. Е, во ова неумеење беше светски шампион. Ниту со полицијата воспостави посакувани ефикасни релации на соработка, ниту пак знаеше да ги организира и активира Истражните центри што таа директно ги раководеше. Можеби за слабата соработка со полицијата и ќе најде некое шупливо оправдување, ама за дебаклот со Истражните центри, таа и само таа е виновна.
Тоа ја красеше кога беше обвинител на функција – шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. А од кога нејзините налогодавци(З.Заев, Л.Јовевски, О.Спасовски) ја употребија како “крпа за еднократна употреба“, ја казнија и предвреме ја пензионираа, ја гледаме само на одредени подкасти, каде најчести одговори во врска со штетите што ги направи и се “Не памтам“, “Не се сеќавам“ и “Не знам“. Овие грозни оправдувања за еден обвинител, кој папагласки ги повторува како мантри, дури и по 20 пати во една подкаст емисија, се голем срам. Можеби вистинската слика за неа ја добивме, поточно видовме од последниот телефонски разговор помеѓу неа и на времето најомиленото и пријателче – Боки 13-ка, кога видовме, чувме и разбравме како комуницираат(стил, тон, вокабулар, навреди и понижувања, еден кон друг, во стил и на ниво, на две улични распуштеници. За денес толку.
(продолжува)
Сотир Костов





