Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.
„Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка“, истакна Костовски.
Тој најави дека правдата ќе ја бара надвор од Македонија со оглед на тоа дека тоа е странска фирма.