Професор д-р Наташа Котлар, во врска со најавите за формирање на секретаријат за поддршка на македонско-бугарската историска комисија му се обрати на претседателот, академик Драган Ѓоргиев, како и на останатите членови.
Ја пренесуваме објавата од нејзиниот профил на Фејсбук:
Најново од циркусот Медрано, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно!
Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети! Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор.
Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!? Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно.
Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа!
На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!
Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!