Наташа КОТЛАР
До оние што имаат ниет да предложат „Резолуција за Илинден“ во северното Собрание, една кратка поука од МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА:
Денес се навршуваат 81 г. од стрелањето на македонските поети и национални дејци – Антон Попов и Никола Ј. Вапцаров.
А, токму последниов, во неговата „ИЛИНДЕНСКА“ меѓу другото пишува „со крвта на простиот народ, в Илинден влеавме, наша содржина“, м а к е д о н с к а! Затоа, ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ од 1903 г. е таков историски, народен чин – кој значел многу и за своето време и за времето на иднината. Тоа претставува најзначаен израз на македонското организирано и револуционерно движење, кое, оставило значајна трага во колективната меморија на македонскиот народ до најново време, како чин на врвно херојство, но и како инспирација на сите постилинденски македонски генерации кои ја продолжија борбата до нејзиниот победоносен крај.
Оттука, Илинденската револуција во Народноослободителната војна (1941– 1945) влегува во функција на сосема блиска историска инспирација за борците и за народот, за да во новите услови, се извојува новото ослободување. И не е случајно што токму на 2 август 1944 г. се одржа Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија (АСНОМ) и што Илинден веќе е 79 години национален празник за граѓаните на Република Македонија и за сите Македонци во светот.
Р Е Ш Е Н И Е
на Антифашиското Собрание на Народното Ослободуење на Македонија за прогласување на Илинден – 2 август – за народен државен празник на македонската држава
Член 1
Илинден – 2 август – се прогласува за народен државен празник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол на сите негови борби за неговото конечно ослободување од вековното ропство и (за) создавање на слободната и суверена Федерална македонска држава.
Член 2
Ова решение влегува веднаш во сила. Во манастирот “Св. отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН, 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија.
Претседател: Методи Андонов -Ченто, с.р.
Секретар: Љупчо Д. Арсов, с.р.]