Денес овие врховисти целејќи дека ќе добијат некои лични нешта, придобивки заборавија на општиот интерес. Овие што денес се на власт се откажаа од општите интереси и почнаа да градат некои си феудални односи и лични“, истакна Наташа Котлар во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Котлар додаде дека власта ветуваше „едно општество за сите“ но граѓаните добија мочуриште во кое што тоне државата секој ден се повеќе и повеќе.
„Од „едно општество за сите“ сме едно мочуриште во кое што тонеме сите. А, определени личности кои што имаат власт се обидуваат да препливаат врз основа на приграбување на социјалните, економските и општествените добра“, нагласи Котлар.
Таа посочи дека доаѓањето на Ескобар е за да се изврши притисок на граѓаните со цел да се изгласаат уставните измени.
„Во Уставот на Македонија треба да асоцира и да преовладува македонската борба. Бидејќи оваа држава е производ на македонскиот народ и другите народности“, рече таа при што нагласи дека треба да се биде искрен бидејќи историјата точно посочува дека тие другите многу помалку учествуваа во партизанското движење бидејќи беа дел од друго движење поради кое македонските граѓани страдаа..
„Мислам дека Ескобар треба да се однесува кон нас со почит и да знае дека ние сме Македонци кои што сами сме си ја создале оваа држава. Без разлика што некои примероци на оваа држава се определиле да бидат врховисти и да не водат грижа за македонските интереси“, рече Котлар.