На многу места низ Центар, особено долж улиците Партение Зографски и 50-та Дивизија висат безброј кабли на дрвени бандери кои со текот на времето со навалуваат и каблите се на дофат на децата, објави денеска Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на центар од ВМРО-ДПМНЕ и Глас на Македонија..
Котлар се обврзува дека општината ќе побара од сите кабловски провајдери, ЕВН и други институции да се спроведе оваа мерка, заради безбедност, изглед и функционалност на средината.
Таа гарантира дека ова ќе го спроведе за време на мандатот до 2025 година, а средствата ќе се обезедат во договор со провајдерите.