Јас тоа го алармирав уште пред неколку месеци дека Македонија ќе се соочи со сериозна енергетска криза. Тоа кај нас го чувствуваат компаниите кои што се на слободниот пазар, а наскоро ќе го почувствуваат и граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали претстои енергетска криза и што значи набавката на јаглен.

Мицкоски потенцираше дека ова набавка на јаглен ќе чини повеќе од 50 милиони евра , додавајќи дека со штета ќе се направи и врз блоковите во РЕК Битола бидејќи тие биле димензионирани и проектирани на тој јаглен кој што сега се наоѓа таму, а не јагленот кој што ќе се донесе од увоз.

-Слушнав дека планираат некаде околу 900 илјади тони да увезат јаглен, најверојатно тоа ќе биде од соседно Косово. Тоа е отприлика 45 до 50 илјади тури, тоа значи дека некаде помеѓу 450, до 550 натоварени возила, тешко натоварени возила камиони ќе треба да го поминуваат патот од Северната граница до РЕК Битола. Сега има два начина како до таму да се стигне или преку Кичево, Демир Хисар или пак да се иде преку автопатот Росоман ,Плетвар, Прилеп, Битола. Познатиот автопат, односно експресниот пат Горан Сугарески кој што остана раскопан и кој што никогаш не го направија бидејќи не можеа да се договорат за провизиите и куферчињата кои што требаше да стигнат таму каде што бараше Горан Сугарески да стигнат. И за жал, прилепчани, битолчани и останатите ќе бидат сведоци на едно страшно лоша динамика за возење по тие пат следниве 90 дена или пак кичевчани, гостиварчани и тетовчани, доколку ја одберат таа рута преку Демир Хисар, Кичево да се оди до Битола. Така што повеќе од 50 милиони евра ќе чини таа набавка на јаглен. Штетата која што ќе се направи врз блоковите во Битола ќе чини многу повеќе од 50 милиони евра бидејќи тие се проектирани и димензионирани на тој јаглен кој што се наоѓа таму, а не јагленот кој што ќе се донесе од увоз. Но, за среќа и за граѓаните и за Македонија што овие луѓе нема да траат уште долго, ќе траат многу кратко, недели се во прашање, доаѓа влада која што знае како да се справи со енергетската криза, но и како да функционира стабилно електро енергетскиот систем на Македонија и со тоа да нема големи импликации во економијата, и да нема големи импликации по стандардот на граѓаните, вели Мицкоски и додава:

„Така што нека бидат граѓаните спокојни, знаеме што правиме, ни треба масовна излезност и поддршка на 17ти октомври и да ставиме крај на ова расипничко криминално измамничко владеење во овие 52 месеци“.