Се наоѓам во Маџир маало. Во центарот на Скопје. Тука се наоѓаат зградите: комплекост банки, меѓу кои и Народна банка, од левата страна се наоѓа Вардар, но овде каде стојам, ова не е притока на Вардар. Ова треба да биде улица, која што ќе го претставува урбаното живеење во центарот на градот.
Меѓутоа, ако ние велиме преосмислување на улиците, мислиме на вистинско преосмислување заради нивниот изглед и нивната функција. Секако го гледате и она буниште зад мене. Сите ние заслужуваме во средена, урбана средина, која што ќе обезбеди соодветен проток и на пешаци и на автомобили, но и соодветна хигиена потребна во еден центар на градот.
Јас само можам да ги потсетам луѓето од општината и надлежните дека овој простор треба да се среди. Се разбира, тука е и прашањето зошто досега не е среден, како што доликува на една урбана локална самоуправа.