„Капиталните објекти можат да бидат насочени во друга насока, но капитални објекти од типот сопственици на земјиште воедно да ви бидат и уредувачи на ГУП-от и ДУП-от како што имаме ситуација во оваа општина не може да се случи. Значи Наташа Котлар и останатите ќе внимаваат што претставува станбена политика во општина Центар и што е доволно за општина Центар бидејќи пак ќе кажам тоа го нарушува и демографскиот и инфраструктурниот капацитет на општината. А, ние како центарци сакаме квалитетен живот“, рече Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во централниот дневник на Сител Телевизија.
Котлар Трајкова додаде дека очекува поддршка од граѓаните од општина Центар кои што сакаат удобен, спокоен и современ живот. Општина Центар заслужува нов дух.
„Мојот став во однос на пописот е дека ова е статистичка операција која што воопшто не смее да биде политизирана. Како што се одвиваат сите нешта и претходно и самиот ден, денеска гледаме по медиумите толку многу претставници од власта се покажаа да го рекламираат пописот што веднаш ви кажува дека нешто не е во ред“, нагласи Котлар Трајкова.
Котлар Трајкова посочи дека една операција како попис мора да си помине како што треба, но со оглед на оваа власт како го води пописот, очигледно е дека некоја идна влада ова прашање наново ќе го отвора.