Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев го коментираше нападот врз бугарските фудбалски навивачи во Скопје и оцени дека ова е дел од низата „антибугарски манифестации во С. Македонија и целата атмосфера што ја создаваат политичарите, медиумите, академската елита за несакање кон Бугарија и Бугарите”, која според него се пренесува во сферата на спортот и во сферата на уметноста, јави бТВ.
Дваесет и деветгодишен годишен Бугарин беше избоден со нож во четвртокот. Тој сѐ уште е во болница по операцијата.
– Бугарија во последните години многупати посегна по пријателство и добрососедство. Го потпишавме договорот кој не се спроведува. Овозможивме брза интеграција на РСМ, од друга страна се држат до идеологијата на Титовска Југославија. Има неказнивост за јазикот на омразата кон Бугарите, рече Ковачев.
Во изјава за БТВ тој вели дека „самите политичари во РС Македонија поттикнуваат вакво однесување.
Ковачев инсистира на тоа дека Бугарите не треба да бидат дискриминирани во Македонија и треба да можат да имаат нормален живот.
Со вклучување на Бугарите во главниот дел од Уставот на РСМ, тие ќе имаат правна основа за заштита на нивните права како етнички Бугари.
-Политичарите во РСМ да не прават никакви калкулации. Има европски предлог во кој пишува дека договорот меѓу Бугарија и РСМ бара да го отстранат јазикот на омразата, да ја сменат пропагандата во учебниците – ова се дел од барањата на ЕУ. Немојте погрешно да го толкувате она што го кажа Олаф Шолц и не одете од врата до врата барајќи да не мора ништо друго да прават за да влезат во ЕУ, рече бугарскиот европратеник Ковачев.