Димитар КОВАЧЕВСКИ, претседател на Владата
Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:
– Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
– Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
– Преговорите помеѓу … Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;
– Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;