Морам да ве потсетам дека откако станав премиер се дојде до ново решение за зголемување на пензиите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Тој посочи дека се направило системско решение врз основа на швајцарски модел, а за пензиите, кажа дека ако има линеарно покачување ќе се одразело на буџетот на фондот и ќе не може да се исплати ниедна пензија.
– Во однос на пензиите морам да ве потсетам дека откако станав премиер, низ економско социјален дијалог, се дојде до ново решение за зголемување на пензиите. Ние за 1,5 година имаме 26% зголемување на пензиите. Ако минималната пензија била 9.000 денари, сега е 12.500 денари. Во септември ќе стане 13.000 денари. Ако просечната пензија беше 13.000 денари сега е 19.000 денари и ќе порасне. Се направи системско решение кое е врз основа на швајцарски модел кое овозможува двапати годишно зголемување на пензиите согласно растот на просечната плата и трошоците на живот, рече Ковачевски.