Членството во ЕУ до 2030 година е остварлива цел, а ние ќе дадеме сѐ од себе нашето општество да се реформира по европски стандарди, изјави премиерот Димитар Ковачевски од форумот во Блед во Словенија.
– На лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум со моите колеги од регионот разменивме мислења за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Членството во ЕУ до 2030 година е остварлива цел, а ние ќе дадеме сѐ од себе нашето општество да се реформира по европски стандарди. Граѓаните сакаат да живеат во EУ, но дома, во С. Македонија, како полноправна земја членка на ЕУ. Нашата земја во многу аспекти е предводник во евроинтеграциските процеси, а С. Македонија покажа дека може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излегува како посилна земја. Блокадите од членките на ЕУ, кои користат домашна политика на меѓународна сцена, мора да престанат. Унијата мора да ги удвои напорите за да ги валидира својата волја и добра намера и проширувањето да го стави како приоритет, рече Ковачевски, а тоа во објава го пренесе СДСМ, чиј лидер е тој.
Инаку, според тоа што беше најавено на форумот од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и иденешните изјави на францускиот претседател Емануел Макрон, песимистички се изгледите за зачленување на Македонија во периодот за кој Ковачевски е оптимист.