Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа во Штип во обраќањето при отворањето промотивен штаб на СДСМ.
Ковачевски е двојно поголем оптимист од бившиот лидер на СДСМ и бивш премиер, неговиот колега Зоран Заев, кој ветуваше дека „и железни опинци ќе обуе“ за да го исполни верувањето за 500 евра просечна плата.
-Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024та година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување, СДСМ предвремено го исполни. Денес просечната плата изнесува 650 евра. Така ќе биде и овој пат, рече Ковачевски.
Направивме долгорочна системска промена и за покачување на пензиите, просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија за речиси 50% повисока. СДСМ овозможи пензионерите во просек да добиваат 6.000 денари повеќе, додаде Ковачевски.
– СДСМ и понатаму ќе се бори за С. Македонија да биде успешна држава во која секој наш граѓанин ќе има достоинствен живот од својата заработена плата, држава во која младите ќе добијат квалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван, ќе живее во демократија, во држава во која законите важат подеднакво за сите. Тоа го нуди нашата нова програма со која ќе настапиме на овие избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Штип.
Ковачевски: Успешно се справивме со енергетската криза, 660 илјади граѓани имаат помали сметки за струја
Успешно се справивме со енергетската криза, го заштитивме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите со антикризните мерки, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа во Штип при отворање промотивен штаб на партијата.
-Успешно се справивме со енергетската криза и никој не беше оставен сам. Сите ние сме горди на тоа. Многу поразвиени економии, многу поголеми држави се соочија со драстични проблеми. Деструктивната ДПМНЕ сееше страв и ги лажеше граѓаните дека ќе немало струја во зимскиот период, не само што имавме непречено струја, туку и ги субвенциониравме сметките за електрична енергија. Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата, струјата ја субвенциониравме и до 90% за над 660 илјади наши сограѓани. Во мојот мандат воедно почна и енергетската трансформација и денес за само две години имаме над 600 МW инсталиран капацитет енергија од обновливи извори. Наспроти цели 16 МW за цело владеење на ВМРО претходно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Коавчевски во обраќањето при отворање промотивен штаб на партијата во Штип.
Фото: СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста