Премиерот Димитар Ковачевски ќе го предложи главниот ИТ експерт на Фондот за здравствено осигурување за една од државните награди кои се доделуваат да ја прими во име на сите ИТ експерти кои се справуваат со сајбер нападите, затоа што одлично се справил со нападот врз ФЗОМ.
-Фондот за здравствено осигурување за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни отсуства на сите корисници на услугите на Фондот, што доколку истражите ќе се уверите дека е брзо, бидејќи на други институции во светот кои биле предмет на сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски.
Тој ова го кажа одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНМЕ дали некој ќе понесе морална одговорност и дали се планирани оставки од Фондот за здравство, конкретно од директорката.