Победи европскиот концепт на владејачката коалиција. Граѓаните на вонредните локални избори испратија неколку многу важни пораки и покажаа дека знаат да изберат политичка опција која вистински се грижи за нив во тешки времиња, која што носи правилни одлуки за сегашноста и има визија за иднината, рече во интервју за ТВ Сител претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
– Се случи победа на европскиот концепт во државата. Во две општини во коишто се избираа градоначалници победија и се избраа кандидати на СДСМ и коалицијата, во Маврово Ростуше кандидат на СДСМ а во Ценат Жупа на коалициски партнер ТДП. Во Тетово, СДСМ го задржа бројот на советници од изборниот резултат на минатите избори, рече Ковачевски.
Пораката од вонредните избори е дека се случи голем пораз на оние од опозицијата, додаде претседателот Ковачевски.
-Следната порака е што се случи голем пораз на оние кои што веќе две години блокираат, коишто веќе 2 години блокираат, бојкотираат, шират лажни вести и поделби меѓу граѓаните, лиферуваат постојано некакви анкети за некаква огромна разлика која што се потврди, дека сето тоа било погрешно со оглед на изборниот резултат, рече Ковачевски во денешното интервју на ТВ Сител.
Видеото од целиот разговор може да го погледнете ТУКА.