Донесовме навремени одлуки за непречено снабдување со електрична енергија од домашно произвоство за функционирање на виталните институции, објави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој во објавата на неговиот официјален профил на Фејсбук известува дека и во изминативе 24 часа, државните капацитети произвеле доволно струја за домаќинствата:
– Производството и снабдувањето со струја од АД ЕСМ е стабилно. Во изминатото деноноќие АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети. Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 13.309 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 8.954 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.355 MWh електрична енергија. Продолжуваме со транспарентно информирање на јавноста за енергетската состојба во државата, вели Ковачевски.
Тоа е добра вест, но лошата е дека, назад е зимата. Сега, со оглед на топлите есенски денови, потребите од струја не се преголеми, но тие нагло ќе пораснат со промената на временската ситуација и заладувањето кое престои во зимскиот период.