Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека во првиот квартал од идната година повторно ќе има покачување на минималната плата.

-Идната година повторно не очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата. Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој истакна дека со стопанските комори се разговара многу отворено.

-Сега не е време за финансирање профитабилност, сега е време за финансирање опстанок, како на компаниите, така и за загрижување на најранливите категории, подвлече премиерот на прес-конференцијата откако соопшти дека Владата донесе нов пакет мерки вреден 350 милиони евра.