Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година, тврди Димитар Ковачевски, наследникот на Зоран Заев на чело на СДСМ и мандатар на идната Влада на Република Македонија.

– Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3%, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата во 2021 година е над 4%, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45% во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4% од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството. Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите, објави Ковачевски на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Слично како и Заев претходно и Ковачевски тврди дека на народот или на граѓаните им е добро, недостига само уште тоа народот или граѓаните да го почувствуваат, а не само да го читаат.

(Д.Г.)