Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека во моментов нема никаква најава за какви било промени во владиниот состав.

Според него, ДУИ за 15 октомври најави избор на претседателство.

-Јас знам дека ДУИ за 15 октомври има најавено избор на претседателство, но нема никаква најава во моментов за какви било промени во владиниот состав, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува промени во владината структура по најавите на ДУИ за внатрепартиско реформирање.