Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Вилнус, се сретна со премиерката на Естонија, Каја Калас. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.

Двајцата премиери констатираа дека односите меѓу Македонија и Естонија се традиционално добри и пријателски, проследени со континуиран и развиен политички дијалог.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за силната и континуирана естонска поддршка на македонскиот евроинтегративен пат.

На средбата се разговараше и за теми од дневен ред на Самитот на НАТО, како и на претседавањето на Македонија со ОБСЕ.

Претседателот на Владата Ковачевски се заблагодари на естонската премиерка Калас за поддршката која Естонија ја дава за нашите проритети како земја претседавач со ОБСЕ и истакна дека Македонија, како и досега во рамки на престедавањето со Организацијата, ќе продолжи да вложува напори да ја подобри координацијата и ќе се залага за заедничко спроведување на активности како предуслов за позитивни промени во ОБСЕ.