Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме, порача премиерот Димитар Ковачевски.
Во чест на 5 мај, Денот на македонскиот јазик, на својот фејсбук-профил тој сподели дека денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.
– Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме, наведува Ковачевски.