Ми беше чест што денес стекнав нов пријател, објави премиерот Димитар Ковачевски за неговото познатство со гостиварскиот скараџија Дахири.

– Дахири ги прави едни од најубавите ќебапчиња во Гостивар, ако не и во земјата. Цели 35 години е сопственик на семејната ќебапчилница во која и тој и семејството вложуваат многу љубов и работа. Нашите луѓе се добри и работливи, ми беше чест што денес стекнав нов пријател, и што знам каде повторно да дојдам на ручек, објави Ковачевски на Линкедин.

Тој, како што објавивме, денеска престојуваше во полошките општини Гостивар и Тетово, а од фотографијата се гледа дека на ќебапчиња бил во друштво со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за здравство Беким Сали.

На здравје!